Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, донесе одлука да бидат отворени два нови конзулата во Хрватска и Турција.

Почесниот конзулат на Република Северна Македонија, во Република Хрватскa, ќе биде со седиште во Риека, додека  почесниот конзулат на Република Северна Македонија, во Република Турција, ќе биде со седиште во градот Сивас.