Луис Назарио да Лима, кај сите познат како феноменот Роналдо, вчера не беше присутен на стадионот за да го следи натпреварот на неговата репрезентација на Бразил против Србија. Неговото отсуство ги изненади сите, бидејќи во ВИП зоната имаше доста бразилски фудбалски ѕвезди.

Advertisements

„Претходната ноќ имав благи симптоми на настинка и бев на лекарска посета. Излегов позитивен со Ковид-19 и ќе останам изолиран во хотелот најмалку пет дена“, рече феноменот Роналдо, кој можеби нема да го ни гледа натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија.

„Иако сум позитивен, се е добро, одовде навивав“, изјави на крајот Rоналдо.

Тој беше специјален гостин на ФИФА за ова Светско првенство што се одржува во Катар, додека беше на стадионот на свеченото отворање.

Прикажи повеќе