Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, истакна дека е среќен што се вратил на „Олд Трафорд“ и во тимот на Манчестер јунајтед. Тој вчера одигра едно полувреме на пријателскиот меч со Рајо Ваљекано, откако ја пропушти речиси целата претсезона на тимот во потрага по други опции за својата иднина.

Advertisements

Португалецот вчера се врати на теренот, а фановите му приредија топло добредојде. Тој потоа се обрати на социјалните мрежи и напиша дека е „среќен што се вратил“.

Менаџерот Ерик тен Хаг, сепак, вели дека Кристијано Роналдо треба да надомести многу пред да почне да игра за тимот.

„Тој не е на нивото на остатокот од тимот бидејќи пропушти многу недели. Му требаат натпревари и многу тренинзи“, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед ја отвора сезоната со гостување кај Брајтон на 7 август, а ќе биде интересно да се види дали Роналдо воопшто ќе учествува во таа пресметка.

Прикажи повеќе