ЛУЃЕТО родени во знакот Бик на прв поглед делуваат бавно и безопасно. Тие имаат нежна природа, поради што многумина често ги потценуваат и забораваат дека под добронамерната површина се крие опасен противник и борец кој никогаш не се откажува. Биковите се бавни и не сакаат промени. Им треба долго време за да започнат, но кога ќе одлучат нешто, ништо нема да ги спречи на патот кон остварување на нивната цел.

Бикот е знак поврзан со изразите „имам“ и „мој“. Овие луѓе исклучително го сакаат она што го поседуваат или сметаат дека им припаѓа, па можат да „дивеат“ доколку почувствуваат дека некој им се заканува. Тие не напаѓаат доколку не се испровоцирани и во тој случај ќе возвратат уште посилно од оние што ги нападнале.

Нивната независност и самодоверба е навистина фасцинантна. Тие не се потпираат на помошта од другите и претпочитаат сами да си ја создаваат среќата. Сакаат да останат сами и сакаат да ги прават работите на свој начин. Кога ќе тргнат да направат нешто, ништо во универзумот не може да ги спречи да го постигнат тоа. Тој ќе направи се што е потребно, дури и ако тоа бара голема жртва и одрекување.

И за крај да го спомнеме нивниот пословичен инает. Биковите не се плашат да преземат нови предизвици и нема да се двоумат да го преземат водството. Сакаат да бидат главни и спремни се да се расправаат со сите додека не им оди. Овие луѓе се силни токму поради нивната тврдоглавост, која им овозможува никогаш да не се откажуваат и цврсто да застанат зад она во што веруваат.