Ирина Шајк очигледно знае да постигне рамнотежа меѓу мајчиството, работата и времето посветено на себеси. Неодамна таа го прослави роденденот на мајка ѝ и на Инстаграм објави неколку убави заеднички фотографии.
Животот на славната 35-годишна руска манекенка Ирина Шајк несомнено е прилично исполнет со обврски. Но помеѓу работата, грижата за двегодишната ќерка Леа таа најде начин да го прослави роденденот на мајка ѝ и на Инстаграм сподели цела низа заеднички фотографии. Нејзината мајка Олга изгледа прекрасно и лесно може да се види дека тие две имаат одличен однос.
Нејзината мајка била учителка по музика во градинка и ѝ пружила на ќерка ѝ музичко образование. Иако не се многу случни лесно може да се види дека Ирина Шајк е убава не само благодарејќи на татко ѝ од кого вели дека го наследила изгледот. Татко ѝ починал од воспаление на белите дробови кога таа имала 14 години.
Самата Ирина се надева дека на својата ќерка ѝ дава добар пример со одржувањето рамнотежа меѓу приватниот живот и работата. Таа не работи ниту една работа која би траела подолго од една недела. Нејзиниот поранешен партнер, Бредли Купер инаку татко на Леа, има слични проблеми со распоредот, но и двајцата се трудат да бидат добри родители. Двојката беше во врска од 2015 до 2019 година.
Дека манекенката е навистина зафатена доказ беше и фактот дека се откажа од својот лабрадор Цезар, бидејќи нема време за него и го даде на нејзини пријатели.