Ризикот од нуклеарен „Армагедон“ е на највисоко ниво од кубанската ракетна криза во 1962 година, изјави американскиот претседател Џо Бајден, нагласувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „не се шегувал“ кога зборувал за употреба на тактичко нуклеарно оружје по претрпените неуспеси во Украина, пренесува Би-би-си.

САД и Европската Унија претходно рекоа дека нуклеарните закани на Путин треба да се сфатат сериозно.

Сепак, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан минатата недела рече дека, и покрај нуклеарните навестувања на Москва, САД не забележале знаци дека Русија неминовно се подготвува да употреби нуклеарно оружје.

Украина изминатите неколку недели спроведува контраофанзива и враќа под своја контрола дел по дел од територијата окупирана од Русија, по инвазијата што Москва ја започна на 24 февруари. Меѓу териториите кои украинските сили повторно ги ставија под своја контрола се и делови од четирите региони што Русија, минатата недела ги анектираше и ги прогласи за дел од Руската Федерација.

Прикажи повеќе