Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо нема дилема кога станува збор за престојот на Лео Меси на „Камп Ноу“.

Аргентинскиот фудбалер минатото лето беше на излезната врата од каталонскиот гигант, но сепак реши да остане до крајот на оваа сезона, кога истекува неговиот договор.

Сепак, странските медиуми пишуваат дека расположението на првата sвезда на тимот се променило откако Лапорта го презеде претседателското место.

“Барселона напредуваше во последните неколку недели, Меси е во одлична форма и очигледно тимот беше под влијание на промената на претседателот. Аргентинецот изгледа посреќно отколку пред да се врати Лапорта. Доаѓањето на Лапорт сигурно ги зголеми шансите Лео да остане “, изјави легендарниот Бразилец.

Екипата на Роналдо Куман во моментов е втора во Ла Лига со четири бода помалку од Атлетико Мадрид, додека на 17 април ќе се борат за уште еден трофеј, во финалето на Купот на кралот на Шпанија против Атлетик Билбао.