Пејачката Рита Ора е заглавена во Бугарија и можеби ќе остане таму за време на Божиќ. Сите летови од земјата се прекинати до 31 јануари по објавата за случаите на новиот коронавирус се зголемија во Велика Британија.

30-годишната пејачка се грижи дека нема да може да се врати дома откако бугарската влада ги прекина сите летови кон Велика Британија.

Instagram
Пејачката неодамна се соочи со гневот на јавноста и голем дел од обожавателите кои и свртија грб кога ги прекрши здравствените протоколи поканувајќи 30 луѓе на својата роденденска забава во Лондон за што и беше изречена казна од 10.000 фунти.

Ѕвездата пристигнала во Бугарија за снимање на нов видео спот со надеж дека ќе го оттргне вниманието на бритнската јавност, па решила снимањето на нејзиниот спот да го премести во Бугарија, надевајќи се дека таму нема да привлече големо внимание – но, неуспешно.

Instagram
Instagram

Се чини дека Рита Ора изминатиот период постојано има проблеми со властите. Таа, исто така, ги игнорираше регулативите за изолација по враќањето од нејзиното патување во Египет, па мораше повторно јавно да се извини за своите постапки.