Во недостаток  на музички концерти и настапи Рики Мартин ужива со своето големо семејство, сопругот Јиван Јосеф и нивните  четири деца. А  изгледа дека и дома  му е многу здодевно, и не знае што да прави самиот со себеси, па реши да си ја бланшира брадата.

Новиот имиџ тој го сподели на својот профил на Инстаграм, и во прв план се гледа неговото лице, додека зад  него се песочна плажа и море, а она  што прво паѓа во очи е неговата руса брада.
Бидејќи тој е исончан, осветлената и стилизирана брада дополнително доаѓа до израз, а Рики Мартин под фотографијата напишал: „Кога ти е здодевно, бланширај се!“
За брзо време собра многу лајкови, а неговиот сопруг му напиша „Бабаааа„ и стави емотикон со срценце.