Професорката на Факултетот за безбедност во Скопје Фрoисна Ременски ги обвинува македонските власти за непостапување по меѓународна потерница од Интерпол за апсење на македоонскиот дипломат Миле Миленковски нарушувајќи го угледот на државата пред светот.

Ременски тврди дека од крајот на февруари минатата година кога била пуштена меѓународна потерница за апсење на дипломатот Миленковски се до неговото апсење во август годинава од српската полиција во Врање, полицијата и обвинителството не преземале ништо.

Таа смета дека органите на прогонот немаат никакво логичко објаснување за нивното непостапување во услови кога постапиле спрската и хрватската полиција. Освен тоа, со нивното непостапување оставиле простор други лица барани по меѓународни потерници за овој случај да им се изгуби трагата.

„Тоа што нашите надлежни институции молчат за овој СКАНДАЛ во кој не се знае ништо и не се превенира ништо, зборува за интегритетот на кој (не)можат да сметаат меѓународните истражни институции“, пишува на нејзинот фејбук профил Ременски.

Во писмото од Националното биро на Интерпол на ерменската полиција од март минатата година, обвинетиот Миленкоски во времето на организирање и извршување на транснационалниот организиран криминал бил „Постар Советник за дипломатски и службени пасоши, граници и летови при Одделението за конзуларни работи во МНР на РСМ“.

„Овој случај е ВРВ во рангот на транснационален организиран криминал, дотолку повеќе што злоупотребен е дипломатскиот статус на лица кои учествувале во него“, заклучува Ременски.