Кризната состојба во државата и големиот број на заразени лица со коронавирус, не ги спречија граѓаните од посета на продавниците во Сити мол, по повод „Блек Фрајдеј” (Црн петок).
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од редици луѓе кои чекаат да влезат и да почнат со шопинг. Актуелните мерки против коронавирус предвидуваат да нема групирања на повеќе од четири луѓе на јавен простор.
Според последниот извештај од Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на Ковид-19. Бројот на новозаразени во Скопје изнесува 472.