Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -10 степени, -8 било во Крива Паланка и Попова Шапка, -6 во Велес, -5 во Штип, Скопје-Петровец, -4 во Маврови Анови, Струмица, Крушево, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Битола и Кавадарци, -1 во Прилеп, Охрид, 0 во Претор, 2 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови.

Времето денеска

Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има појава на повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Текстот Речиси низ целата држава минусни температури утрово, најстудено во Берово е превземен од МАКФАКС.