Божиќни колачиња со путер може да си направите сами дома, а за целата таа постапка нема да ви бидат потребни повеќе од 30 минути.
Во Данска невозможно е да ги замислите божиќните празници без овие колачиња со путер. Станува збор за фини и крцкави бисквити кои што се топат во устата, а кои што во продавниците најчесто ги купуваме во метални кутии.
Потребни состојки:
– 250 грама брашно;
– 200 грама путер;
– 150 грама шеќер;
– 75 грама бадемово брашно;
– 1 јајце;
– 1 лажица кора од лимон;
– 1 лажица екстракт од ванила.
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.
2. Со миксер проматете го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете го јајцето, кората од лимон и екстрактот од ванила.
3. Во смесата додадете го бадемовото и обичното брашно и сето тоа добро изматете го со миксер.
4. Ставете ја смесата во кеса за слатки, па на намачканиот плех со малку путер, ставајте ги меките прстени од тесто со дебелина од околу 4 сантиметри.
5. Така подготвените колачиња печете ги околу 10 минути додека не заруменат.
6. Почекајте да се изладат пред да ги послужите.