Новогодишната вечер е момент кога посакуваме уште поубави 365 дена на сите блиски. Но, секоја земја има различни обичаи и верувања со кои се прави тоа. Ова се само дел од најинтересните:

Ако славите Нова година во Грција, тогаш традиционално ќе сечете колач во кој се наоѓа скриена паричка која, според верувањето, му носи среќа на оној кој ќе ја пронајде.

Ако се одлучите за Нова година во Германија, очекувајте гласен огномет вреден неколку милиони евра. Традицијата се состои во тоа што за новогодишната вечер треба да се направи толку силна бука, со која се верува дека ќе се растераат сите лоши духови.

Кај Австралијанците за Нова година се подготвува свечен ручек кој вклучува сочно печење, како симбол на среќа и благосостојба во наредната година. А ручекот не е целосен без сладолед од ментол во облик на детелина со 4 листа.

Во Шпанија, штом отчука полноќ, треба да изедете 12 зрна грозје. По едно за среќа во секој месец од годината.

Сицилијанските обичаи велат дека лазањите носат среќа, но несреќата ќе ги следи сите оние кои на Нова година јадат макарони или било какви тестенини што не се лазањи.

Британците ја проценуваат среќата во новата година според гостите кои први ќе им стапнат во домот. Ако тоа биде маж кој има подарок, на среќата и нема крај, но ако тоа биде жена и тоа со празни раце – не се надевајте премногу.

Норвежаните за Нова година јадат пудинг од ориз во кој кријат по еден бадем. Пудингот се сервира во голем сад, од кој се вадат парчиња. Се верува дека на личноста на која ќе и се падне бадемот, ќе ја следи среќа и богатство.

Холанѓаните за Нова година јадат крофни, затоа што веруваат дека тие им носат среќа.

Во Чиле, штом часовникот отчука 12 часот, се јаде леќа, затоа што според тамошните верувања таа носи многу работа и пари.

Затоа што јапонските хороскопски знаци се менуваат според годината, за новогодишната прослава Јапонците се облекуваат и маскираат во хороскопскиот знак кој ќе важи за годината која следува.