Се продава синџирот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддоговор со компанијата „Сити Плаза ДОО.

Преговорите за продажба на 100 отсто акции се почнати. Се водат со подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија”.”.

Во соопштението се истакнува дека е потпишан преддоговор, а во тек се преговорите во врска со потпишувањето на договорот за пренос на акциите.

Сопственик на компанијата „Сити Плаза ДОО” е Ајдован Адемовски. Тој воедно е претседател на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на трговскиот центар „Капитол мол” и на хотелот „Хилтон” во Скопје.