Серхио Рамос му зададе нова главоболка на Зинедин Зидан.

Имено, искусниот стопер и капитен на Реал утрово заврши на операционата маса поради проблем со коленото.

Рамос го повреди менискусот во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, што го принуди да се оперира.

Одличниот дефанзивец се очекуваше да се врати во тимот на мечот против Хусека, но по вчерашниот тренинг беше јасно дека проблемот е сериозен.

Рамос очекува пауза од шест до седум недели и сигурно ќе ги пропушти натпреварите од Лигата на шампионите против Аталанта.

loading…