,,Бев прашан од еден сограѓанин бугарин што стои позади низата на потезите на СДСМ кои прво одбраа за претседател одговорен во трагедијата за модуларната болница Тетово во кое загинаа македонски граѓани, повеќето од албанска националност, потоа не ја исклучуваат од партија Славјанка Петровска после неколку јавни испади на албанофобија и исламофобија, после толку години немаат потпреседател на партија албанец и еве сега поттикнати од скернавење на државно знаме на РСМ повикуваат на македонска етничка мобилизација, како овој струмичкиот градоначалник, кој се бореше неуспешно против ЗЕЛС цели два дена и не ги игра тие од ЗНАМ, веројатно ги смета за срби, бугари, грци или албанци?!“ , ова на социјалната мрежа Facebook го напиша политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани.
,,Потоа што неколку пати го охрабрувам овој мојот другар бугарин јавно да проговори и да прашува за се што го мачи, решив да го објавам мојот одговор: Има една тенденција во СДСМ која мисли дека има празен простор за дејствување во екстремни политички становишта посебно со неактивноста на партијата на Лупчо Палевски, кој им беше неколку години претседател на најголемата градска организација, па сега сакаат тоа место да го завземат. Дури е тој во затвор под обвинение за двократно убиство од најдолни мотиви овие би да го заменуваат”, стои во објавата на Рамадани.