Настапувајќи како еден од говорниците на панелот „Проширување на европските хоризонти“ во рамки на Светскиот економски форум во Давос, албанскиот премиер Еди Рама порача дека Европската Унија мора да му даде повеќе на Западен Балкан бидејќи во спротивно се остава простор за Русија и нејзината популарност во регионот.

„Луѓето во Брисел мора да сфатат дека во регион ЕУ оди надолу, Путин се гледа како херој, сè повеќе и повеќе во некои земји. Не во Албанија, кај нас неговата популарност е 0,7 отсто, и тоа е многу за нас бидејќи ние 99 отсто ја сакаме ЕУ, а 100 отсто САД. И мора го зачуваме тоа“, рече Рама.

Сепак, посочи тој, сите на Западен Балкан се на заеднички фронт кога станува збор за осуда на Русија и нејзината окупација во Украина, вклучително и Србија со нејзиното гласање во Обединетите нации.

Прикажи повеќе