Албанскиот премиер Еди Рама рече дека спроведувањето на идејата за балкански мини-шенген ќе значи отстранување на границата меѓу Косово и Албанија и ги критикуваше приштинските власти поради одбивањето да бидат дел од регионалните дискусии на Балканот за ова прашање, пренесува РТС.
Тој изјави дека првичната идеја за балкански шенген потекнува од поранешниот албански премиер Фатос Нано, а тој подоцна ја оживеал.
– Advertisement –
„Го отворив ова прашање затоа што се создадоа услови. Не го прифатија. Регионалниот шенген значи отстранување на границата меѓу Албанија и Косово, но додека оние во Косово го сфатат тоа ќе поминат години, а Косово и Албанците ќе изгубат многу време“, изјавил Рама за „Еуроњуз Албанија“.