Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денес имаше средба со сениорките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 до 20 ноември годинава.

„Сѐ што треба да направите, е да верувате во себе, да верувате во тимот, да бидете посветени и да се борите до крај. Без калкулации и без потклекнување и предавање пред фаворитите, а со борба за секоја топка!“, истакна Мукаетов во своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб, потенцирајќи дека Ракометната федерација на Македонија стои цврсто позади нив и со безусловна поддршка, а со само едно барање – игра со срце на терен.

Арената „Борис Трајковски“ е со комплетно обновена спортска инфраструктура, по терк на високите ЕХФ стандарди, наскоро ќе ги пречека екипите кои играат во групата Ц и во главната рунда. Натпреварите од групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција, Холандија и Романија./Gol.mk

Прикажи повеќе