Премиерот на Полска свика итен безбедносен состанок.
Некои полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил во регион кај полско-украинската граница во попладневните часови, а според првичните информации загинале две лица.
Полските портали пишуваат дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата се уште не е позната. Радио Лублин соопшти дека две лица загинале.
Некои полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил. Таа вест не е потврдена.
– Две залутани ракети паднаа во градот Пржеводов во провинцијата Лублин на границата со Украина – неофицијално дознава Радио ЗЕТ.
– Удираа во сушарите за жито. Две лица загинаа. На терен се полицијата, обвинителството и армијата – додава оваа радио станица.
Се дозна дека полскиот премиер свикал итен безбедносен состанок откако две руски ракети, наводно, паднале во Пжевдов, полски град на 100 километри од Лавов, Украина.
Евидентирани се две мртви лица – напиша Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
Да потсетиме, попладнево имаше еден од најсилните руски ракетни напади врз украинските градови. Беа нападнати Киев, Харков, Лавов и многу други градови.
Полска е членка на НАТО. Членот 5 од НАТО налага дека во случај на напад врз една членка, сите други членки мора да ја бранат.
FLASH TRAFFIC/ POLAND HIT BY RU MISSILES/ Two civillains are reported dead after a pair of RU ballistic missiles hit the village of Przewodów, near the border with Ukraine. Poland’s Prime Minister, Mateusz Morawiecki, has conviened an emergency meeting. https://t.co/XFBD1xhpXq pic.twitter.com/Ez6MWASxhX
— Chuck Pfarrer | Indications & Warnings | (@ChuckPfarrer) November 15, 2022
Извор: Centar.mk