Со вечерашната победа на македонската женска ракометна репрезентација против Исланд (24-17) зачекоривме кон баражот за светскиот ракометен собир во Шпанија на кој ќе играат двете најдобри селекции од групата.

Квалификацискиот турнир кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ нашите девојки денес го стартуваа со Исланд.

Сара Ристовска со единаесет погодоци беше најзаслужна за оваа одлична победа, шест гола постигна Елена Ѓоргиевска, додека Серафимова имаше девет успешни интервенции на нашиот гол.

Нашите ракометарки утре ги очекува дуел со Литванија, на кој победа ќе значи и дефинитивен пласман во баражот за СП 2021.