Претседателот на Бугарија, Румен Радев в понеделник во 10 часот по локално време ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група во 48. Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на таа држава.
Од ГЕРБ-СДС веќе најавија дека се подготвени да презентираат владин состав, јави БТА.
ГЕРБ ќе предложи влада, бидејќи тоа е наша заложба, рече заменик-претседателот на партијата Томислав Дончев на вчерашниот брифинг во Собранието. Тој посочи дека имаат дефинитивна согласност со „Демократска Бугарија“ во многу голем дел од приоритетите и политичките определби, но останува суштинското прашање зошто не е можна парламентарна интеракција.
„Продолжуваме со промената“, претходно објавија дека нема да понудат малцинска влада со втор мандат ако конечно се изгласаат измените на Изборниот законик, со кои се враќа опцијата за гласање со хартиено ливче.
Во врска со спорните измени во изборниот закон, претседателот Румен Радев денеска нагласи дека кога ќе стигне до него новоусвоениот Изборен законик, тој детално ќе го анализира и ќе донесе одлука.