Рускиот претседател Владимир Путин денес изрази загриженост за веста дека францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на вирусот корона. Тој на францускиот претседател му испрати телеграма и му посака брзо закрепнување.
Путин во телеграмата изјави дека „со загриженост ја примил веста за позитивниот тест на францускиот претседател за вирусот корона“.
Денес од кабинетот на Макрон соопштија дека по пројавените симптоми и направениот тест резултатот на претседателот е позитивен, по што многу европски лидери заминаа во изолација откако имаа контакти со францускиот претседател за време на самитот на ЕУ минатата недела.
По веста дека Макрон е носител на ковид-19: Шпанскиот премиер Педро Санчез се повлече во изолација