Човекот за кој се верувало дека е менаџер на продавница отворил оган, а потоа го свртел пиштолот кон себе и сега е мртов.

Advertisements

Градот Чесапик на Твитер објави „полицијата потврди инцидент со активен стрелец со фатални жртви во Волмарт“.

Би-би-си јавува дека има малку детали, но еден полицаец зборувал за не повеќе од 10 загинати и повеќе повредени. Засега не е познат мотивот.

Полицијата им соопшти на новинарите дека нападот се случил во 22:12 часот по локално време (4:12 часот по средноевропско време).

Портпаролот Лео Косински рекол дека се верува дека пукањето се случило во продавницата и дека осомничениот дејствувал сам.

Волмарт рече дека е „шокиран од овој трагичен настан“ и дека „тесно соработува со органите за спроведување на законот“.

Сенаторката од сојузната држава Вирџинија, Луиз Лукас, рече дека ѝ е „апсолутно скршено срцето“ од, како што рече, „најновото масовно пукање во Америка“.

Таа на Твитер додаде: „Нема да мирувам додека не најдеме решенија за ставање крај на оваа епидемија на насилство во нашата земја“.

Нападот се случи само неколку дена откако вооружен маж отвори оган во ЛГБТ-ноќен клуб во американската сојузна држава Колорадо, при што уби пет лица, а 17 беа повредени.