Во интервјуто за „24.ur“, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, зборуваше за долго најавуваното ново натпреварување, „Суперлига“, кое го загрозува елитното натпреварување на Европската куќа на фудбалот, Лигата на шампионите.
Словенецот истакна дека е убеден дека ништо од тоа нема да се случи и ги критикуваше напорите на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, за најмоќните европски клубови да формираат сопствено натпреварување.
– Тоа е сон на Флорентино Перез веќе 30 години. Кандидатите за претседател на Барселона се против Суперлигата. Баерн, Јувентус, како и клубовите од Англија се исто така против овој предлог – рече Чеферин.
Првиот човек на европскиот фудбал ги критикува иницијаторите на ваквата намера..
– Тоа е идеја, поточно, желба на оние кои не се грижат за остатокот од фудбалскиот свет. Заинтересирани само за свој профит, и за денес, а за утре воопшто не ги интересира. Не им е грижа што би се случило со помалите клубови кои би имале големи проблеми – додаде Чеферин.