Канадскиот актер Елиот Пејџ, кој е роден како жена – Елен Пејџ, на крајот на минатата година објави дека се чувствува како маж, па во меѓувреме ги отстрани и двете дојки со цел и физички да влијае на промената на полот.
Елиот на Инстаграм објави фотографија без маица, која собра повеќе од 2,2 милиони лајкови, а може да се види и дека сега актерот е многу среќен и не ја трга насмевката од лицето.
На неговите гради се гледаат и две лузни, а воедно актерот призна и дека ова е првпат тој да се појави во машки боксерки.
Елиот се сликаше во дворот на својот дом, а воедно ова е прва фотографија откако тој од Елен јавно започна да се претставува како маж и го промени името во Елиот.
„Сакам што сум транс и квир личност. Сите транс луѓе кои се соочуваат со навредување, угнетување и малтретирање, мора да знаат дека јас ве сакам и ве гледам. Ќе направам се што е во моја моќ светот да стане подобро место за живот“, изјави Елиот.
Елиот инаку се прослави со улогата во филмот „Hard Candy“ во 2005 година, за пет години подоцна да го дели кадарот со Леонардо Дикаприо во познатиот филм на Кристофер Нолан „Inception“.