Денеска е објавен ажурираниот список според кој граѓаните можат да проверат дали се наоѓаат на листата за добивање на финансиска помош од Владата во висина од 6000 денари, што следи согласно четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид 19.
Граѓаните можат да проверат ТУКА, а потребно е само да го внесете вашиот матичен број за да дознаете дали сте опфатени од најновиот сет мерки.
Имено, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk се посочува дека дополнително ќе бидат објавени листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители.
Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.