Почна протестниот марш за случајот „Монструм“. Тој е организиран од семејствата на обвинетите, но е поддржан од опозициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива. Овој протест доаѓа по завршните зборови на обвинителката Фатиме Фетаи на последното рочиште, во кое побара највисоки казни за дел од обвинетите.

Протестот започна порано, иако МВР извести дека протестот е закажан со почеток во 13.30 часот, а ќе почне од парк Чаир и ќе продолжи со протестен марш по улицата „Цветан Димов“, па по булеварот „Крсте Мисирков“, по булеварот „Гоце Делчев“ и потоа, заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“, ќе се упати по улицата „Филип Втори Македонски“ до Oсновното јавно обвинителство. Според пријавеното, протестот ќе трае три часа.