Граѓанската иницијатива „Доста е“ со нов протест реагираше за цената на струјата. Овојпат пред вратите на ЕВН оставија ковчег, а пораката што сакаа да ја испратат е дека компанијата остава жртви зад себе. Од иницијативата велат дека ЕВН е над сите, никој не ја санкционира и прави што сака со животите на граѓаните. Покрај намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто на сметките за струја бараат независно тело кое ќе ја контролира оваа институција.
„Ние имаме барање од Владата и од Собранието да се формира трето независно тело кое што ќе ги контролира и санкционира ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО бидејќи сега се без никаква контрола. Овие институции прават сами што сакаат се држава над државата“, рече Кренар Османи иницијатива „Доста е“.
– Advertisement –
Бараат властите да ги следат европските директиви, бидејќи само кај нас половина од семејниот буџет се троши за сметки за струја. Од иницијативата потсетуваат дека и нудат бесплатна правна помош за граѓаните кои имаа поплаки за високите сметки за струја. Имало примери социјални случаи да земаат 3.000 денари помош, а сметката за струја да им изнесува 2.500 денари. Со протестите ќе продолжат и понатаму се додека нема одговор на нивните барања.
Андреа Чобанова