Лични податоци на 533 милиони корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија на хакерски форум.

Пред неколку дена лични податоци на повеќе од половина милијарда корисници на „Фејсбук“ ширум светот се појавија на Интернет – укажувајќи на фактот дека оваа компанија нема соодветен начин за чување и складирање чувствителни информации.

Информациите кои протекоа вклучуваат телефонски броеви, целосни имиња, локации, претходни локации, датум на раѓање, е-пошти, приватен статус и биографија на корисниците.

epa efe
EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Личните податоци на над 533 милиони корисници корисници на „Фејсбук“ се појавија на хакерски форум, што претставува потенцијален ризик за милиони трговци со криптовалути и луѓе кои сега можат да бидат подложни на разни сајбер напади, тврди Алон Гал, главен шеф за технологија во „Хадсон Рок“ – компанија за анализа на компјутерски криминал.

Гал тврди дека ова е поврзано со безбедносна грешка која за прв пат била детектирана во 2019 година, а во јануари 2021 година било утврдено дека хакерите исто така можеле да користат информации и имале пристап до телефонските броеви на корисниците, пренесува „Блумерг

Според Алон Гал, информациите сега можат да бидат корисни за хакерите за разни видови измами, како и за да им служат за маркетинг цели.