Пролетта е време да ги замените темните лакови со посветли нијанси, а еден од нив ќе ви стане омилен.
Сите беж нијанси на лакови ќе бидат вашите омилени оваа пролет совршено ќе ги вклопите во вашиот пролетен стил.
Рацете ќе изгледаат префинето, а дополнително беж нијансите на лакови за нокти ги издолжуваат прстите, а можеби и најголемиот плус на беж лаковите е што траат подолго – или барем грешките потешко се забележуваат.
Ако случајно ви се отстрани дел од лакот во беж нијанса, многу е веројатно никој да не го забележи тоа, за разлика од црвениот или црниот лак.
Иако можеби не е воочлив, беж лакот сигурно нема да остане незабележан. Тоа доаѓа до израз на помалку видлив начин, но кога тоа ќе се случи, пофалбите за вашиот нежен маникир сигурно нема да изостанат.