Роверот „Perseverance“ на НАСА по седум месеци и поминати неверојатни 468 милиони километри, вчера во 21.56 часот по слета на Марс.
НАСА направи официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ каде ги објави првите две фотографии што ги доби од својот ровер. На црно белите фотографии се гледа површината на Марс.
„Здраво свету. Ова е првиот поглед на мојот нов дом“, стои во описот на првата фотографија.
And another look behind me. Welcome to Jezero Crater. #CountdownToMars pic.twitter.com/dbU3dhm6VZ
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) February 18, 2021
„И уште еден поглед зад мене. Добредојдовте во кратерот Језеро“, пишуваше во описот на втората фотографија.
„Perseverance“ слета во кратерот Језеро каде официјално ќе ја почне потрагата по докази за живот на Црвената планета.
Where am I now? Check out this interactive map to zoom in and explore my landing site:https://t.co/uPsKFhW17J
And for the ground level view, my first images are here, with many more to come in the days ahead:https://t.co/Ex1QDo3eC2 pic.twitter.com/B6TJTikAyX
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) February 19, 2021
Од НАСА ја објавија и оваа интерактивна мапа, која можете да ја зумирате и да го истражете местото каде слета роверот „Perseverance“.
Главната цел на двегодишната мисија на „Perseverance“, вредна 2,7 милијарди американски долари, е да бара докази за микробиолошки живот на Марс.
Научниците се надеваат дека ќе најдат знаци на живот во примероците на антички седименти кои роверот ќе ги извлече од карпите на Марс и ќе се анализираат на Земјата – кои треба да бидат првите такви примероци што луѓето ги собрале од друга планета.
Светот очекува уште многу слики и информации во следните денови.
ВИДЕО: Роверот „Истрајност“ на НАСА по седум месеци патување слета на Марс