Лиценцираниот преведувач Агим Нухиу од Тетово, објави документ во кој стои понуда за превод од „северномакедонски јазик“. Нухиу одбил.

„Утрово добив понуда за превод на материјали од Северномакедонски јазик. Кој е тој јазик, знае ли некој?Јас не знам за таков јазик. Проектот е инаку од ЕУ“, напиша Нухиу.

Синоќа Бујар Османи, македонскиот министер за надворешни работи во емисијата 360 степени на ТВ Алсат изјави дека „според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-те јазици на ЕУ и како таков станува дел од преговарачката рамка и тоа е една од најголемите победи за македонскиот народ и за државата“.