Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал-Нахјан утре ќе замине за Москва, каде предвидено е да има средба со рускиот колега Владимир Путин, јавија дел од светските медиуми.

Тој ќе разговара со Путин за „пријателските односи меѓу ОАЕ и Русија со низа регионални и меѓународни прашања и работи од заеднички интерес”.

Веста за неговото патување следува по неколку дена откако ОПЕК+ се согласи остро да го намали производството на нафта и покрај притисокот од страна на САД.

Одлуката на ОПЕК+ дополнително ги затегна односите меѓу Вашингтон и неговите сојузници од Заливот во Ријад и Абу Даби.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вложуваше напори да го спречи намалувањето на производството, поради изборите што следуваат, каде неговата Демократска партија може да ја загуби контролата врз Конгресот.

Прикажи повеќе