Израелскиот претседател Исак Херцог на 11 септември ќе ги посети Албанија и Србија.
-Висок израелски функционер за Тајмс оф Израел изјави дека за време на патувањето, кое ќе трае само еден ден, се очекува Херцог да се сретне со неговите колеги, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската држава, Бајрам Бегај, пренесува албанската А2 телевизија.
Во Тирана ќе оствари средба и со албанскиот премиер Еди Рама.
-Потсетуваме дека директорот на ЦИА Вилијам Барнс минатиот месец беше во Србија и Косово и освен до државните функционери се сретна со својот српски колега. Двајцата, меѓу другото, разговарале и за безбедносната ситуација во Израел, додава телевизијата.