Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 22-годишниот Д.З. и 23-годишниот Н.Д., двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Претрес во Кочани, пронајдена дрога: двајца уапсени е превземен од МАКФАКС.