Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, изјави денеска пред своите приврзаници во градот Апаран дека е подготвен да го понуди својот син во замена за ерменските затвореници кои ги држи Азербејџан.

Advertisements

„Официјално му реков на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, дека му предлагам да го земе мојот син во замена за сите ерменски затвореници“,

рече Пашинјан и ги повикува политичките ривали да го сторат истото на претстојните избори, пренесува ТАСС. Изјавата на Пашинјан е одговор на неговиот политички ривал, поранешниот ерменски претседател Серш Саргасијан, кој ја критикуваше изјавата на премиерот, велејќи дека „размената на затвореници може да почека еден или два месеци“.

Синот на премиерот Пашинјан, Ашот, на својот фејсбук-профил објави дека „е подготвен да биде дел од размената на затвореници“.

Прикажи повеќе