Обожавателите на Балашевиќ, кои вчера отишле да му оддадат почит на починатиот уметник 40 дена по неговата смрт, можеле да се уверат дека неговиот гроб не е повеќе на местото каде што беше погребан на 21 февруари.
Како што наведуваат локалните медиуми, гробното место на Балашевиќ е поместено за десетина метри подалеку од сенката на четинарите.
Покрај името на починатиот се наоѓа и православен крст, како и стих од неговата песна „Портрет на мојот живот“ – „Без црната, белата не би вредела“, пренесува „Новосадска хроника“.
Погребот на Ѓорѓе Балашевиќ беше одржан на 21 февруари во кругот на семејството, а присуствуваа и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.