Шефицата на Сеизмолошката служба на Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак.
Првиот земјотрес се случи во 6:28 часот, со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, проследен со два малку послаби, кои беа со изнтензитет со 4,7 и 4,1 степени
Земјотресите во Петриња и Сисак ги почувствуваа и граѓаните на Запрешиќ, Бјеловар, Вировитица, Копривница, Огулин, Риека и други градови.
– Ако магнитудата беше пет, тогаш можноста за последователни земјотреси е многу веројатна – рече Иванчиќ.
Со неа се согласува и сеизмологот Маријан Херак од Геофизичкиот отсек на ПМФ во Загреб. Во изјава за ХРТ тој рече дека денешниот потрес дефинитивно не е дел од истата серија како оној загрепскиот од 22 март, туку станува збор за друго епицентрално подрачје и нагласи дека сигурно ќе има уште потреси во тоа подрачје.
Два часа по првиот земјотрес, што утрово ги погоди Петриња и Сисак, со јачина од пет степени, граѓаните се уште беа на улиците поради стравување од нов потрес.
Во селото Брест Покупски, со околу двесте жители, речиси и да нема куќа што не е оштетена, пишува загрепски „Јутарњи лист”. Покривите на некои куќи се распукаа, а покривот на локалната месна заедница е сериозно оштетен.
Лустери, искршени кујни и испукани sидови е глетката во многу куќи.Весникот пишува дека центарот на Петриња претрпел значителни штети.
На теренот има пожарникари кои отстрануваат оџаци од одредени куќи и згради затоа што постои опасност од нивно уривање.
Во меѓувреме хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ пристигнаа во Сисак, придружувани од министерот за здравство Вили Берош.
– Дојдовме да ги поддржиме нашите сограѓани во Петриња и Сисак. Каква што беше годината, така и заврши. Земјотресот беше во исто време како оној во Загреб. Хрватската војска е во Петриња да помогне во расчистувањето. Има поголеми штети во Петриња.
– За среќа, тука нема голема штета – рече Пленковиќ.