СОСТОЈКИ:
- 130 г ориз
- 150 г мелено месо
- 100 г кромид
- 100 г моркови
- 3 чешниња лук
- јајце
- 15 г сол
- 5 г црвен пипер
ЗА СОСОТ:
- 50 г пасирани домати
- 50 г кисела павлака
- 20 мл масло
- 150 мл вода
- рендан кашкавал за посипување
ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете го меленото месо, оризот, ситно сечканиот кромид, ренданиот морков, јајце, столчениот лук, црвениот пипер, сол и црн пипер. Месете да се воедначи смесата. Потоа обликувајте го месото во ќофтенца и наредете ги во сад за печење. Подгответе го сосот така што во сад ќе ги измешате пасираните домати, киселата павлака и водата и добро ќе измешате. Прелејте преку ќофтињата. Печете еден час во рерна загреана на 180 степени. Пред крај на печењето посипете со рендан кашкавал и вратете во рерна да се стопи кашкавалот.