Пред десет години пораката од нејзината маица „Престанете да бидете сиромашни“ го обиколи светот и предизвика вистински гнев кај јавноста…
Парис Хилтон (40) дури денес проговори за маицата која ја вовлече во центар на скандалот, а проблемот беше скандалозниот натпис на неа „Престанете да бидете сиромашни“.
Хилтон тогаш беше сликана на забава во Лос Анџелес, а нејзината маица го преплави сите насловни на таблоидите и весниците во тоа време.
Парис во подкастот демантираше дека носела маица со тој натпис, и дека на спорната фотографија со фотошоп бил променет еден збор. По нејзината објава се јави и девојката која со помош на фотошоп ја променила сликата.
„Жал ми е. Навистина не мислев ништо лошо со тоа, бев само едно глупаво дете кое користи фотошоп“, објасни девојката која во 2013 година ја споделила сликата на својот блог, од каде таа подоцна стана вирална.
„Не помислив дека било кој би поверувал дека е реална, бидејќи кога ќе ја погледнам таа изгледа очигледно лажно“, изјави девојката, чие извинување го прифати и Парис Хилтон.
Парис Хилтон на забавата во Лос Анџелес сепак носела маичка со натпис „Престанете да биде очајни“.