Проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво алармира дека одливот на лекарите кои ја напуштаат Македонија е многу голем.

Ако пред 10 години во Македонското лекарстко друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Димитров на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.

На 4 февруари се одбележува Светскиот ден на борба против ракот и Европската куќа во Скопје организираше панел-дискусија на тема „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“.

Кога зборувам во името на Македонското лекарско друштво е тоа дека целата поставеност на здравствениот систем кој носи бреме и од минатото и малата стагнација во воведувањето на нови форми на превенција на ракот, доведоа до тоа да ние во последните десет години да сме некаде и не многу лоши, меѓутоа сме во средината на географската Европа“, рече проф. д-р Димитров кој беше еден од учесниците на панел-дискусијата.

Д-р Димитров кажа дека ракот на грлото на матката е еден од оние карциноми чиј број за жал, не опаѓа иако е еден од најпревентибилните болести.

Освен проф. д-р Димитров, во дискусијата усестуваа и директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, Емануела Додева од Здружението ЕЗРА и д-р Никола Брзанов, претседател на Клубот на млади лекари.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.