Навивачите на двата најголеми шпански клуба, но и оние неутралните ширум светот кои го обожаваат Реал Мадрид или Барселона, се разочарани бидејќи ова не е вообичаен термин.

Дербито од 10 -то коло во Ла Лига е на програмата точно за еден месец, односно на 24 октомври во 16:15 часот, што е несоодветен термин за еден од најдобрите и најголемите натпревари во светот.

Уште еднаш, Ла Лига се прилагоди на азискиот пазар, кој на тој начин ќе ужива во вечерта со натпреварот што се игра на „Камп Ноу“.

Ова ќе биде прво Ел Класико со гледачи на трибините од 1 март 2020 година, кога Реал и Барселона играа на Сантијаго Бернабеу.