Утринава во фабрика во индустриската зона на Штип избувнал пожар.

Како што информира порталот 4news.mk на терен излегла противпожарната екипа со две возила и 4 пожарникари.

Од пожарната во Штип информира дека добиле пријава околу 10 часот, а пожарот бил целосно изгасен околу 11 часот.

Причина за пожарот била запалена печка, а пожарот ја зафатил и кровната конструкција.

Според информациите, на терен излегла и брзата помош од каде не сакале да коментираат дали има повредени лица и за каква интервенција станува збор.