Централна Хрватска денеска во 12:20 часот повторно беше погодена од силен земјотрес.
ЕМСЦ објави дека епицентарот бил во близина на Петриња, а јачината била до 6,3 степени според Рихтеровата скала.
По тој повод, градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ се огласи на хрватската национална телевизија.
Катастрофа. Ова нема никаква врска со животот или реалноста. Целиот мој град е уништен. Извлекуваме мртви деца, луѓе. Едноставно, не може да се опише, ова е како Хирошима. Немам половина град”, започна Думбовиќ, а потоа продолжи да ја опишува ситуацијата во Петриња.
– Јас сум во центарот на градот, пред мртва девојка која почина и чекаме помош. Бараме да дојдат сите можни пожарникари, потребни ни се сите можни пожарникари и стручна помош. Не знаеме што има под урнатините, имаме многу стари куќи од 19 век, кои се во центарот на градот, каде што можеби престојувале баби и дедовци. Сега извадивме еден дедо каде му падна целиот покрив. Извадивме четиригодишно дете, ова веќе не е живот. Ова нема никаква врска со тоа. Градот беше уништен и веќе не е можно да се живее во него , рече шокираниот Думбовиќ.