Потпретседателката на ГРОМ и носителка во Изборната единица 1 на Коалицијата „Храбро за Македонија“, Добрила Андоновска, во интервју за МИА вели дека нејзин фокус доколку освои пратенички мандат, ќе бидат реформите во здравството, образованието, социјалните реформи. Вели дека во здравството треба да се направат коренити реформи и оти најпрво треба да се почне со човечкиот, кадровскиот капитал што треба да почне уште за време на студии на Медицински факултет…

Во однос на тоа со кого би коалицирале, дали со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ, вели дека преферираат да останат во опозиција доколку не се согласуваат со генералните политики. За предлогот на албанските партии претседателот на државава да се избира во Парламентот со двотретинско мнозинство, вели дека тоа не е добро, затоа што сепак граѓаните сите треба да одлучуваат кој ќе биде претседател на државата, а не партиите.

За ставањето на лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на црната листа на САД, пак, и како тоа влијаело на членството, вели дека состојбата не е лесна, но тоа повеќе довело до збивање на редовите во партијата.

Инаку, Стевчо Јакимовски освои најмалку, односно само 8103 гласови на претседателските избори.