Мауро Икарди го комплетираше својот трансфер во Галатасарај. Турскиот тим има големи амбиции сезонава, да се врати на старите шампионски патеки, и прави силен тим. Така после Аргентинецот, се очекува уште две големи имиња да го засилат тимот од Истанбул во последниот ден од преодниот рок во Турција.
Едно од имињата кое се споменува е Хуан Мата. Мата мина 11 сезониа во Премиерлигата во Манчестер Јунајтед и во Челси, и сега е блиску до потпис со турскиот тим како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со Јунајтед. Галатасарај потврди дека преговара со играчот, кој веројатно ќе потпише на една година за сума од 1,8 милиони евра.
Вториот кој се споменува дека ќе потпише е екс играчот на Норич и на Вердер, Милот Рашица. Рашица е без клуб откако си замина од Норич и би можел да се пресели во Галатасарај. Тимот од Истанбул исто така подготвува и трета. Станува збор за Јусуф Демир, екс играчот на Барселона. Демир мина една сезона во Барса како позајмен од Рапид Виена, и сега е блиску да потпише четири години договор со тимот од Истанбул.
Исто така се споменува и Матијас Рос од Алборг. Денеска завршува преодниот рок во Турција. Таму од македонските играчи трансфери направија Езџјан Алиоски во Фенербахче, Енис Барди во Трабзонспор, Јован Манев во Адана, а во истиот тим отиде и Куртулан од Фенербахче./Ekipa.mk