Медиумите објавија дека некогаш најдобар светски фудбалер, Кристијано Роналдо бил разочаран од одлуката на селекторот Сантош да го изостави од првиот тим за пресметката со Швајцарија и дека двајцата имале голема расправија.

Advertisements

Португалија сега и официјално демантираат дека Роналдо се заканил дека ќе го напушти Катар во знак на револт.

„Сакаме да појасниме дека капитенот Роналдо во ниту еден момент не се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на СП во Катар. Тој секогаш бил и е во служба на репрезентацијата и државата, што мора да биде почитувано и што ја покажува неговата несомнена посветеност кон националниот тим“, се вели во дел од соопштението на Португалија.

Селекторот Сантош на вчерашната прес-конференција исто така потенцираше дека нема никаков проблем со Роналдо и дека нивната врска останува непроменета.

Прикажи повеќе