Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во гостување во летното издание на „ClickPlus“ на ТВ21 вели дека отворањето на Уставот и впишувањето на Бугарите во него не претставува никаква трагедија.
„Јас лично не сметам дека тоа е трагедија. Лично мислам дека ние како држава сем се дефинирале дека обезбедуваме определени права за сите, нема причина некого да исклучуваме од тоа и има многу пофлагранти примери од оној со Бугарите, на пример во Хрватска вие имате ситуација во која нашата заедница е целосно призната, добива фондови на државата, а кај нас на пример не се ни спомнати во Устав и ги немаат тие привилегии“, вели Попоски.
Ако имаме позитивен и коректен однос од страна на Софија, Попоски вели дека не би се грижел доколку Бугарите бидат впишани во Уставот.